Oбјавена програмата за одбележување на патронот на Прилеп

2

Општина Прилеп традиционално и оваа година ќе го одбележи патронот на градот, Св. Никола. Како што веќе е познато, домаќин оваа година е компанијата “Комфи Ангел”, а од општината ја објавија програмата за одбележување на градската слава.

Чествувањето започнува во 08:00 часот со Архиерејска Божествена литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско-Пелагониски, г. Петар, во црковниот храм „Св. Блоговештение“-Прилеп.

Ќе следува Литија во чест на Св.Никола Чудотворец, којс ќе започне во 11:00 часот, од црквата Св. Благовешетение до Параклисот „Св. Никола“.

Потоа е Водосветот и прережувањето на празничниот колач, кое ќе се изврши пред Параклисот на „Св.Никола“ во центарот на градот во 11:30 часот.

А, потоа, за сите добронамерници ќе биде послужена празнична, посна, светиниколска трпеза и ќе се одржи пригодна културно-уметничка програма на плоштадот „Александрија“ .

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content