Бубевски: Ова се најтешки кривични дела за кои се изрекува најстрогата можна казна

84

Сите инволрвирани се идентификувани. Испитани се тројца од осомничените. Имаме признание за текот на настаните, кој што правел и кој за што бил задолжен. Се работи за две кривични дела, грабнување заради корист и убиство. Заради поврзаноста на двете со сторителите кои се исти тоа добива најтешка можна квалификација и се изрекува најтешка можна казна рече обвинителот Гаврил Бубевски на прес конференцијата во врска со убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Три лица се во притвор 48 часа затоа што уште е во тек обработка податоците од материјална природа, кога ќе има наоди од обдукција и од биолошки траги и вештачњеа во тој момент, денеска или утре МВР ќе излезе со соодветна пријава и тогаш ОЈО ќе отвори истрага за кој ќе можеме да кажеме многу повеќе детали. Постапката е во фаза на истрага. Мора краткотраен притвор за се да се документира. Ги фатило паника затоа што веќе им станало јасно дека се создава паника и дека полицијата е ангажирана, решиле да биде убиено девојчето. И нам не ни е јасно ако веќе мотивот бил користољубие. Не знаеме се точно, ова е од нивните искази. Треба да се потврди детално приказната, рече Бубевски.

Тој соопшти дека Вања била грабната од влезот во зградата во која што живеела.

Таткото учествувал во давање насоки за тоа кога девојчето ќе излезе само, не го сомничиме дека го извршил најтешкото кривично дело. Тој имал определана комуникација со членот на групата кој е во бегство, вели Бубевски.

Средствата од станот кој мајката го продала претходно би можеле да бидат мотив за ова, девојчето е грабнато во влезот внатре, истакна јавниот обвинител Бубевски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content