Независниот синдикат на Судска администрација за денеска, утре и во понеделник најавува едночасовен синдикален протест кој ќе се одржува во временскиот период од 10 до 11 часот пред платото на Основниот кривичен суд.
Судската администрација и претходно одржуваше вакви протести изразувајќи незадоволство од висината на платите и повикуваа на преговори со Владата за изнаоѓање решение за нивниот проблем.
И претходно порачуваа дека нема да се откажат од барањата и дека зголемувањето што го бараат е законски и оправдано.
Речиси осум месеци траат протестите на судската служба. Осум месеци чекаат да започнат преговорите во Влада и лично на премиерот да му ги кажат нивните барањата но надлежните до сега останаа глуви. Порачаа дека доколку нема слух за нивните барања ќе го блокираат судскиот систем.