Протест на Синдикатот на УПОЗ

0

Двочасовен протест закажа за денеска Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска организира на кој ќе биде искажано незадоволствоо од неисполнување на барањата за вработените во судската и јавнообвинителстската служба.

Протестот ќе се одржи пред Владата во периодот од 12 до 14 часот.

Вработените од судската и јавнообвинителската служба од 27 септември штрајкуваат барајќи исплата на додатоците на плата и зголемување на платите за 78 проценти, износ за кој беа зголемени платите на избраните и именуваните лица.

Претставници на Синдикатот на УПОЗ досега одржаа две средби со Владата, кои завршија без конкретна понуда за решавање на барањата.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content