Од полноќ поевтинуваат бензините и дизелот

57

Од ноќеска на полноќ ќе има нови цени на бензините и дизелот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС-95, еуросупер БС-98 и дизелот-горивото поевтинуваат за денар и половина.

Новата цена на еуросупер БС-95 ќе биде 89 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 91 денар за литар, додека цената на дизелот ќе биде 85,5 денари за литар.

Од полноќ поевтина цена ќе има и за екстра лесното масло за домаќинство и тоа се намалува за еден денар за литар и ќе се продава по цена од 85 денари за литар.

Единствено се зголемува малопродажната цена на мазутот за 0,447 денари за килограм, во однос на претходно утврдената цена и отсега тој ќе се продава по цена од 48,715 денари за килограм.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content