Снег вее на Плетвар и Стража

Во моментов снег вее на планинскиот превои Плетвар и Стража, затоа се препорачува внимателно возење.

Поради заладување во вечерните и ноќните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а и во некои од пониските места главно во западните делови. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а мала снежна покривка ќе се формира и на повисоките места во западните делови, најави Управата за хидрометеоролошки работи за вечерва.

За утре, пак, прогнозите велат дека во утринските часови на места ќе провејува снег, а во текот на денот ќе нѐ очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Екипите на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – Скопје соопштија дека ја следат состојбата на сите патни правци и планински превои низ државата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content