Награда за финансирање социјални иновации за Тимот ченици од СОУ„Орде Чопела“-Прилеп

83

Учениците од СОУ„Орде Чопела“-Прилеп: Џанер Фејзоски, Тамара Ковилоска, Сара Рајчиноска, Филип Гически и Андреа Гагалеска под раководство на нивниот професор Ѓорѓија Гагалески во месец мај 2022 година во хотел Дрим, Струга учествуваа на работилница-натпревар за финасирање на социјални иновации кои се базираат на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштитата на животната средина.

На работилницата учествуваа 10 средношколски тима од државата кои со помош на своите ментори ги развиваа своите решенија и ги презентираа пред стручно жири кое беше составено од по еден претставник: од ФИТР на Р. Македонија, здружението LEAD (Leaders for Education, Activism and Development) и претставник од UPSHIFT.

Тимот од С.О.У Орде Чопела – Прилеп со својот предлог проект „Систем за собирање на дождовница за наводнување на училишниот мини овоштарник“ беше прогласен за еден од петте победници и доби 120 000 денари за реализација на предложеното решение за проблемот со недостиг на вода.

Училиштето поседува овоштарник за практична настава кој е запуштен поради немањето соодветен систем за наводнување. Идејата на учениците беше да се собира и искористува дождовницата за наводнување  на училишниот овоштарник со помош на систем „капка по капка“, а плодовите од овоштарникот да се искористат во училишната лабараторија и пекара.

Kolaz_sliki
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content