Македонија ги осуди нападите на Хутите и изрази солидарност со Саудиска Арабија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија остро ги осуди нападите и заканите на Хутите, оценувајќи дека тие претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност, меѓународната трговија и слободата на пловидба.

Во официјалната реакција објавена на социјалната мрежа X, Министерството наведува дека нападите насочени кон Кралството Саудиска Арабија, како и акциите што го нарушуваат комерцијалниот поморски сообраќај во Црвеното Море, се неприфатлива ескалација на тензиите во регионот.

„Најостро ги осудуваме нападите и заканите на Хутите насочени против Кралството Саудиска Арабија, вклучително и сите акции кои имаат за цел нарушување на комерцијалниот поморски сообраќај и слободата на пловидба во Црвеното Море. Овие непромислени акти ги загрозуваат човечките животи, меѓународната трговија и регионалната безбедност и претставуваат неприфатлива ескалација“, соопшти Министерството.

Воедно, македонската дипломатија изрази солидарност со Саудиска Арабија и упати повик за итен прекин на сите напади и закани, нагласувајќи ја потребата од зачувување на безбедноста и стабилноста во регионот.

Од Министерството потенцираат дека Македонија останува посветена на почитувањето на меѓународното право, безбедноста на поморските патишта и мирното решавање на конфликтите.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content