Амбасадата на Шведска објави повик за фото натпревар на тема „Македонски татковци”

27

Целта на натпреварот е да ја подигнеме свесноста за споделено родителско (породилно) отсуство и важноста на врската помеѓу татковците и нивните деца, соопштиja од Амбасадата на Кралството на Шведска.

Наградниот фото натпревар ќе им даде можност на сите заинтересирани да номинираат своја фотографија која најдобро го прикажува односот татко-дете.

Десет до петнаесет фотографии ќе бидат селектирани и претставени на изложбата „Македонски татковци“ што ќе има прво изложување во Градскиот парк во Скопје – Школка за време на прославата на шведскиот национален ден на 10 јуни 2022 година.

Од фотографиите кои ќе бидат селектирани да бидат дел од изложбата, три ќе бидат наградени. Изборот на најдобрите три фотографии ќе се одржи на 10 јуни во Градскиот парк Скопје – Школка, по пат на гласање од страна на посетителите.

Дојдете, придружете ни се во прославувањето на неверојатното искуство на односот татко-дете! Учествувајте во нашиот натпревар за фотографии „Македонски татковци“ и испратете ни ги вашите најкреативни фотографии од времето поминато со вашето дете/деца, информираат од Амбасадата на Кралството на Шведска.

Сите детали и критериуми можат да се прочитаат на веб страницата на амбасадата, појаснуваат од таму.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content