Одбележување на Денот на Европа под слоганот #ThinkForward

28

Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава, со оглед на тоа што 2022 година е Европска година на младите, програмата вклучува голем број активности кои се посветени ним и кои ги вклучуваат младите.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир и младите европски амбасадори Рената Пенчова и Александар Каратошо денеска ќе имаат интеракција со младите од WB6 од Европската куќа во Скопје. Промотивниот настан ќе се пренесува во живо на Фејсбук страната на Делгацијата на ЕУ, а понатаму ќе се емитува на националната телевизија МТВ денеска во 17:45 часот.

Работниот дел од конференцијата ќе се одржи на 9 и 10 мај во Младинскиот културен центар каде ќе се сретнат 30 млади луѓе од целиот регион на Западен Балкан за да разговараат за решенија за подобра свест за менталното здравје, зајакната регионална соработка и помирување како и за Европскиот зелен договор. Оваа конференција се организира со поддршка на Советот за регионална соработка (РЦЦ) и скопскиот огранок на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

Младите учесници на конференцијата потоа ќе ги презентираат заклучоците од својата работа пред премиерот и ресорните министри од Владата на Северна Македонија – како партнери и клучни актери за промени на подобро. Ова ќе се направи на седницата „Преземање од страна на Владата“ на 12 мај во 13:30 часот, која Владата ќе ја пренесува во живо.

Главниот јавен настан се одржа синоќа со концертот на меѓународно признатиот филмски композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев во Градскиот парк во Скопје. Ансамблот на Дуке Бојаџиев од двајца наратори и 25 члена оркестар ќе изведе спој на оркестарска и филмска музика, некои традиционални балкански композиции и вечната љубовна поезија на Руми на македонски и албански јазик. Програмата за Денот на Европа за 2022 година започна на 5 мај со изложба на уметнички дизајнирани портрети на млади луѓе под наслов „Иднината на Европа“ поставена во трговскиот центар „Ист Гејт“ во Скопје.

–  Македонија има извонредни млади луѓе полни со талент, енергија и идеи, кои се вистински носители на европските вредности. Личностите прикажани на оваа изложба се само дел од многуте успешни млади луѓе од Северна Македонија. Тие беа избрани по случаен избор, врз основа на нивните достигнувања во одредени области, што ги претставува сите средини. Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 05 јуни 2022 година, наведува ЕУ делегацијата. Дизајнот на визуелните слики за Денот на Европа 2022 е Зоран Кардула.

Програмата за Денот на Европа во 2022 година ќе заврши на 5 јуни, како Светски ден на животната средина, со предавање на наградата „Најзелена општина“, што ја промовираше Делегацијата на ЕУ како дел од кампањата за промоција на Зелениот договор на ЕУ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content