Средба Мисајловски – Дендиас: Македонија и Грција ја продлабочуваат одбранбената соработка

Денеска на маргините на Самитот на НАТО и состанокот на Северноатлантскиот совет, остварив средба со министерот за национална одбрана на Република Грција, Николаос Дендиас, објави на социјалната мрежа на Фејсбук македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски.

Како што информираше министерот Мисајловски на средбата со Дендиас разговарале за актуелните безбедносни предизвици, сојузничката соработка во рамките на НАТО и можностите за дополнително унапредување на билатералната одбранбена соработка меѓу двете земји.

-Ја потврдивме заедничката посветеност на двете земји кон мирот, стабилноста и безбедноста во регионот, како и кон јакнењето на колективната одбрана на Алијансата, наведе Мисајловски.

Тој додаде дека отворениот дијалог и блиската комуникација меѓу сојузниците остануваат клучни за успешно справување со современите безбедносни предизвици.

Министерот Мисајловски меѓудругото пишува дека билатералната одбранбена соработка меѓу Македонија и Грција продолжува да се развива во позитивна насока, што се потврдува преку заедничката посветеност за унапредување на одбранбените капацитети и успешната реализација на годишниот план за соработка меѓу двете земји.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content