СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Бектеши: Од денеска да не се продаваат пакети масло или повеќе од три шишиња

Од денеска не треба да се продаваат шишиња масло за јадење во пакети или пелети по маркетите или кај трговците на мало, апелираше министерот за економија Крешник Бектеши.

Се утврдени такви случаи. Не верувам дека овие количини се купуваат за самостојна потреба или потреба на домаќинство, туку за продажба или за да се извезуваат надвор на државата. Само на територијата на Струга и Охрид имаме три пати поголема потрошувачка отколку што сме имале порано, рече Бектеши во „Топ тема“ прикажувајќи фотографија од масовно купување зејтин од страна на едно лице во еден супермаркет во земјава.

Бектеши појасни дека во известувањето испратено до сите економски субјеки што продаваат е наведено дека сите трговци, ако во случај има побарувачка за масовно купување масло за јадење, треба веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат за да ги презеде соодветните мерки.

Ние не наредуваме, само сакаме да се спроведуваат законите. Во делот на продажбата на зејтин, ние пративме известување и препорачуваме на маркетите и трговците да продаваат согласно просекот на продажба колку е потребно на едно домаќинство. Просекот значи дека едно домаќинство троши максимум три литри масло за јадење месечно. Тие се податоци од Заводот за статистика. Се знае намерата ако купувате масовно, појасни Бектеши во емисијата „Топ тема“.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content