Во текот на утрешниот ден, 10 март 2022 (четврток) во 14:00 часот во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе се отвори ликовната изложба „ ЗА ПРВ ПАТ (LA PRIMA VOLTA)“ од италијанскиот фотограф Матео Де Мајда.
Изложбата е во организација на Амбасадата на Италија во соработка со Локалната самоуправа на Општина Прилеп и на истата ќе присуствуваат италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри и градоначалникот Борче Јовчески.