(Видео) Експлозија и пожар во близина на далноводите на МЕПСО е причината поради која немаше струја во Скопје
Причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија во поголемиот дел на Скопје, е дефект во трафостаницата во Пинтија, информираа од МЕПСО за МИА.
Во речиси цел град од 17.20 часот немаше струја. Електричната енергија во кратки интервали доаѓаше неколку пати, но брзо ја снемуваше.
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски е на терен и се обидува да дојде до повеќе информации за причини за пожарот.
Во компанијата ЕВН засега немаат целосна информација зошто поголемиот дел од Скопје остана попладнево без струја, а дотур на електрична енергија немало ни до нивната мрежа.
Повеќе детали ќе соопштат откако ќе добијат информации од екипите испратени на терен.