Објавена програмата на Струмичкиот карневал

68

Веднаш потоа е закажана промоција на монографија „Струмичко чудо” и доделување на благодарници на карневалски групи, спонзори и институции кои дале придонес за Струмичкиот карневал по повод 30 години во обнобувањето на вековната традиција.

Наредниот ден е резервиран за концертот под маски на Музичкото училиште „Боро Џони” од Струмица, како и за објавување на резултатите од темата за проза и поезија за карневалот во организација на Библиотеката „Благој Мучето”.

В петок, на 4 март, треба да се одржи традиционалниот маскенбал, на кој се избираат принц и принцеза на Карневалот, кои заедно кралската свита ќе ја предводат карневалската поворка на главната карневалска вечер ( 5 март 18:30 часот). Годинава во поворката ќе учествуваат само домашни карневалисти, а заради пандемијата групите од странство кои досега учествувале ќе имаат само свој претставник.

Празникот Прочка (6 март, недела) е резервиран за Детскиот карневал, на кој најмладите ќе продефилираат во маските на нивните омилени јунаци од филмовите и бајките.

На Чист Понеделник (7 март) карневалските празнувања продолжуваат со варење и консумирање на традицоналниот бел грав, а ќе бидат објавени и резулатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер. Во НУЦК „Антон Панов” во Струмица ќе биде отворена и традиционалната изложба на карикатури и афоризми и ќе бидат доделени наградите на најуспешните.

Претпоследниот ден е резервиран за доделување на наградите од Интернационалната карневалска вечер и одржување на забава на отворено насловена како „Карневалско село”.

Карневалот завршува на 9 март со одбележување на Тримерските обичаи, враќање на клучот од градот на градоначалникот и со концерт на ансамблот „Фолклорна низа”.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content