Родители бараат укинување на задолжителното носење маски во училиштата
Во таа насока аргументираат дека претседателката на Здружението на приватни матични лекари д-рЛилија Чолакова Дервишова, алармира за зголемени психолошки, социолошки, имунолошки, респираторни и дерматолошки последици.
„Децата светот го осознаваат преку изразите на лицето, комуницирањето и размената на чуствства, а сето ова не е можно да се оствари преку маска со што веќе се гледа зголемена анкциозност кај децата.“ – вели таа.
„Последната година се забележува и зголемување на панични напади, опсесивни застрашувачки мисли и опсесивни –компулсивни нарушувања кај се помлада популација“.- вели Ана Чучкова, психолог, психотерапевт и проф. на факултет.
Според Др. Софијанова минатата година има регистрирано 500 случаи на ковид помеѓу децата, додека од почетокот на пандемијата нема ниту еден смртен случај. Според Д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар, бројот на хоспитализации на деца секаде низ светот, не само кај нас е многу мал и место за паника нема. „Маските кај најмалите ученици сметам дека се не функционални и се непотребни.“ – вели тој.
Долготрајно носење маски и вдишување на она што го издишуваме, ги зголемува шансите од горнореспираторни инфекции од бактериите кои децата ги носат, сметаат докторите.
Микробиологот и професор д-р Никола Пановски и епидемиологот Драган Даниловски исто така сметаат дека децата треба да тргнат на училиште без маски. Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија смета дека „барем за основците има резон да се размисли и да се овозможи родителите да одлучат или да се укине носењето“.
Од Иницијативата до властите доставено е Барање за укинување на задолжителното носење маски во училиштата. Родителите се категорични во намерата дека со почеток на второто полугодие, нема да ги пуштаат децата со маски на училиште.