Објавен крај на Windows 10

47

Ноемвриското ажурирање е последното кумулативно полугодишно големо ажурирање за Windows 10 и после тоа оваа верзија на оперативниот систем се префрла само на годишното ажурирање.

Со оглед на тоа што за октомври 2025 година е најавен крај на Windows 10, тоа значи и дека десерката ќе добие само уште четири значајни ажурирања.

До октомври 2025 година, и веројатно и понатаму, Windows 10 ќе добива некои итни и клучни безбедносни надградби надвор од оние годишните, но големи и значајни подобрувања на системот надвор од годишните ажурирања повеќе нема да има.

Microsoft практично најави ставање на Windows 10 на бавната развојна лента, со цел да му даде приоритет на Windows 11, но тоа не значи дека актуелната верзија на OS ќе биде занемарена или напуштена. Тоа ќе се случи кога поддршката ќе престане дури по октомври 2025 година.

Следното големо ажурирање се вика Fall 2022 и сега, како што се очекуваше, нема податоци што ќе донесе и колку Windows 11 ставки ќе бидат имплементирани во Windows 10, а знаеме дека некои сигурно ќе бидат имплементирани. Windows 10 е на нашите компјутери од 2017 година, така што неговиот животен век ќе биде 8 години, освен ако Microsoft не одлучи поинаку на 14 октомври 2025 година, кога треба да го означи крајот на овој оперативен систем.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content