СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Синдикатите ќе креваaт бунт против „присилната вакцинација“

Претставниците на синдикалните организации во Македонија велат дека нивните членови се бесни и незадволни од Венко Филипче, министерот за здравство и најавуваат бунт против присилната вакцинација.

Тие сметаат дека со воведувањето на мерката за вработените во јавниот и во приватниот сектор за задолжителна вакцинација или ПЦР-тестирање на сопствен трошок, се удира по и онака истенчениот џеб на работниците. Кризниот штаб во понеделник ќе заседава на седница за предложените мерки од Комисијата за заразни болести и ќе одлучи дали вакцинацијата за здравствените работници ќе стане задолжителна.

Вакцинацијата мора да биде лична определба на работниците и на граѓаните и не може и не смее да се спроведува со уцени и присила. Имунизацијата не смее да се спроведува на штета на елементарните права на граѓаните гарантирани со Уставот, меѓународните конвенции и законите и против волјата на поединецот. Уцената и присилувањето може да предизвикаат неприфаќање од страна на работниците и со тоа да стагнира процесот“, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

 

Конфедерацијата на слободни синдикати потсетува дека тестирањето наметнато на работниците, за кое тие треба да плаќаат од сопствен џеб, е кршење на човековите права.

Телефоните буквално прегореа, експлодира незадоволството. Илјадници прашања од вработените „зарем ќе го дозволите тоа?“, „ќе нè избркаат ли од работа по 30 години стаж?“ … Револтот е голем, работниците се бесни. За нас не е прифатливо трошоците за тестирање да бидат на товар на вработените, затоа што 80 илјади вработени во јавниот сектор работат за минимална плата недоволна да го преживеат месецот. Не може да се дозволи на осиромашените работници да им се наметнуваат дополнителни трошоци, а притоа се прекршуваат и нивните човекови права“, велат од Конфедерацијата на синдикати.

Оттаму укажуваат дека, ако Владата не ги послуша и сепак ги изгласа предложените мерки од Комисијата за заразни болести, ќе ги искористат сите синдикални мерки на располагање за да ја спречат примената.

Од здружението „Гласен текстилец“ најостро се спротивставуваат на предлог-мерките.

Ѝ укажуваме на Владата да не ги усвојува мерките, бидејќи самата предлог-одлука за задолжително вакцинирање на вработените од јавниот сектор е неуставна и противзаконска односно спротивна на членовите 9, 10 и 11 и 27 од Уставот, спротивна на членовите 6, 7, 14 и 25 од Законот за заштита на правата на пациентите и спротивна на членовите 8, 9 и 12 од законот за спречување дискриминација. Бараме веднаш да бидат повлечени овие мерки што задираат во човековата слобода и дејствување, бидејќи во спротивно ќе биде поведена иницијатива за оцена на уставноста и на законитоста пред Уставниот суд како и повик за протест до вработените од јавниот и приватниот сектор против ваквите мерки”, напоменуваат оттаму.

Стопанската комора, пак, поднела иницијатива мерките да важат и во приватниот сектор. Подоцна појасни дека не се залага за принудно вакцинирање, туку за задолжително тестирање.

Ниту од наша страна е испратено писмо на кое тој се повикува, ниту такво нешто сме барале од Министерството, бидејќи нашиот став е дека правото на вакцинација која не е задолжителна, е лично право на избор и истото не треба да се ограничува. Соопштија од  Сојуз на стопански комори.

Министерството за здравство на прозивките одговори дека вработените имаат можност да приложуваат негативен ПЦР-тест ако решат да не се вакцинираат, а оние кои имаат здравствени проблеми не се присилени да се вакцинираат. Оттаму побараа да се поддржат мерките зашто тие се во интерес на јавното здравје и потсети дека такви мерки се воведени во многу земји од Европа и регионот, како во Словенија, Хрватска и Грција.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content