Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,407 денари за килограм и сега изнесува 41,852 денари за килограм.
Од 16.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари за литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари за литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари за литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари за литар)
Мазут М-1 НС 41,852 (денари за килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 4,081%, кај дизелот зголемувањето за 0,276%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,506% и кај мазутот зголемувањето е за 0,672%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,493 % , соопштија од Регулаторна комисија за енергетика.