СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела

Во пресрет на одржување на вториот круг од Локалните избори што ќе се одржи в недела на 31 октомври 2021 година, утре и задутре управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање во втор круг со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да ги подигнат личните карти.

Одделот за граѓански работи, односно отсеците за управни работи на оваа организациска единица при  МВР – Куманово, Велес, Охрид и Тетово со сите подрачни единици во нивен состав на 30.10.2021 година ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно  време од 08.00 до 16.00 часот.

Како што информираа од МВР, од подрачните единици на Отсекот за управни работи Штип ќе работат подрачните единици во Кочани, Берово, Делчево, Пробиштип и Свети Николе.

Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Битола ќе работат подрачните единици во Битола, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод.

Од подрачните единици на Отсекот за управни работи Струмица ќе работат подрачните единици Струмица, Гевгелија и Радовиш.

Истовремено и Одделението за управни работи Скопје само во објектот на МРТВ на 30.10.2021 година (сабота) ќе работи на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.

В недела, 31.10.2021 година, пак,  сите наведени надлежни  организациски единици ќе работат само на издавање изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево).

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content