Осврнувајќи се на можноста за средба со Мицкоски, Радев изјави дека „нема што повеќе да си кажат“, нагласувајќи дека консензусот постигнат во јули 2022 година мора целосно да се почитува.
„Повторно треба да вложиме максимални напори да ги убедиме европските лидери дека договореното во 2022 година мора да се спроведе“, изјави Радев, додавајќи дека Бугарија ќе продолжи да инсистира на почитување на преземените обврски.
Повод за неговата реакција беше и неодамнешниот инцидент пред бугарската амбасада во Скопје, кога беа запалени две дипломатски возила, случај кој експресно беше решен од страна на МВР.
Изјавата на Радев доаѓа по усвојувањето на најновиот Извештај за напредокот на Македонија во Европскиот парламент, во кој повторно се нагласуваат обврските што земјата треба да ги исполни во рамките на европскиот процес.
