СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Се отвара најголемиот трговски центар во земјава „Ист гејт мол”

Најголемиот трговски центар во земјава „Ист гејт мол“ ќе биде отворен денеска.

Нуди широк избор на уникатни 220 локални и интернационални брендови, а располага и со модерни кафетерии, посебен оддел за брза храна со капацитет за 800 посетители, хипер маркет, салони за бела техника и мебел и киносали.

Обезбеден е паркинг простор за околу 2000 возила, а е единствениот мол во земјава кој е опкружен и со зелени паркови.

Трговскиот центар се наоѓа на местото на поранешниот Скопски саем и е на само пет минути од центарот на Скопје.

Очекувањата се дека трговскиот центар ќе има околу 12 милиони посетители годишно, а закупците ќе остварат нето промет од 120 милиони евра. Предвидено е да се отворат повеќе од 2500 вработувања пред се во секторот трговија, но и во услужните дејности и оние кои се компатибилни со трговијата.

„Fashion Group”, која е дел од 200-те брендови кои ќе бидат застапени во трговскиот центар, по повод отворањето најавува богата програма со изненадувања за посетителите.

И останатите брендови по повод отворањето на нивните продажни места во трговскиот центар најавуваат низа попусти и забавни содржини за постителите.

Трговскиот центар е дел од мултифункционалниот проект „Skopje East Gate” кој предвидува и изградба на резиденцијален комплекс и канцелариски парк со вкупна бруто изградена површина од над 500 000 м2.

„Skopje East Gate” е дел од приватната инвестициска групација „Балфин” која од основањето во 1993 година е активна на полето на недвижности, малопродажба, минерална индустрија, туризам, земјоделство, енергетика, услуги и инвестиции. Вкупната инвестиција се проценува на околу 103 милиони евра, а за изградба на трговскиот центар лани беше потпишан договор за синдициран заем во вредност од 72 милиони евра со домашни и странски банки. Ова е втор проект на оваа групација по изградбата на Скопје сити мол кој во 2015 година го продаде на британската компанија Hystead Limited.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content