СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Планинско-езерскиот фестивал „Охрид-Галичица 2023“ почнува викендов

Авантуристичкиот клуб „Маунтин маднес“ (Mountain madness) по четврти пат организира викенд исполнет со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање, соопштија организаторите.

– Фестивал на планината и езерото. Авантурата започнува во сабота на 17 јуни, со велосипедска тура околу Охридското Езеро и на локации покрај езерото. Оваа тура се организира со цел да се одбележи денот на Охридското Езеро – 21 јуни. Авантурата продолжува во попладневните часови со логорување во месноста „Корита“, каде што се организира камп со логорски оган и уживање со звуците на гитарата. Главниот настан, искачување до врвот „Магаро“ ќе биде во недела, на 18 јуни, од осум часот. Акцијата започнува со стартна точка од месноста „Липова Ливада“ на 1.600 метри надморска височина, појаснува претседателот на клубот, Мишко Танески.

Како што се истакнува во соопштението, врвовите на планината Галичица нудат неверојатен поглед кон двете езера, Охридското и Преспанското, како и кон околните планини.

– Патеката е во должина од девет километри и во времетраење од пет часа во двата правца. По искачувањето на „Магаро“ ќе се организира забава на плажата во автокампот „Љубаништа“ со жива музика и ди-џеј, сé до зајдисонце. Во рамките на овој фестивал, се планира и есенско искачување на „Магаро“ во септември, а датумот ќе биде дополнително објавен. Не се пропушта можноста во ист ден да се биде на врвот на планината и да се капеш во Охридското Езеро, потенцира Жанко Голабоски од клубот.

Со оглед на тоа што фестивалот вклучува повеќе настани, од вело тура, логорување, искачување на Магаро, забава на плажа и друго, подвлекуваат од клубот, избор на учесникот е во што ќе се вклучи, а може да направи и комбинација.

– За време на акцијата за сите учесници, влезот во НП „Галичица“ ќе биде слободен. Обезбеден е автобуски превоз од Охрид до стартот и назад по симболична цена. Секој учесник треба да поседува планинарска опрема, храна од ранец и 1,5 литар вода. Учесниците одат на своја одговорност и за секое непочитување на маршутата и правилата поставени од организаторот, сами одговараат за последиците, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content