СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Учениците од сите средни училишта од Прилеп рецитираа и пееја во чест на Денот на македонскиот јазик (ФОТО)

Денот на македонскиот јазик, 5 Мај, учениците од сите средни училишта од Општина Прилеп го одбележаа преку настан со наслов: „Рецитираме и пееме на македонски“ во кино „Мис Стон“ на трети мај.

Пред полна сала публика, средношколците од нашиот град се претставија со рецитации и музички изведби со кои ги наполнија срцата на присутните во публиката.

Учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, со поддршка на в.д. директорката Весна Михаиловска, зедоа учество во настанот, со рецитации и музички настапи.

Со рецитации настапија учениците: Натали Ширкоска, Никола Мавчев, Ненад Кулески, Софија Оџаклиеска, Илина Тодоровска и Марија Велјаноска, под менторство на професорот по Македонски јазик и литература Дарко Ристески.

Со музички изведби настапија учениците: Илина Трпаноска, Софија Настоска, Михаела Наумоска, Дијана Христоска, Ива Парапанска, Петар Апостолоски, Андреј Кулески и Константин Младеноски под менторство на професорката по Музичка уметност Татјана Иваноска.

За сценографијата се погрижија учениците: Сара Пашоска, Теа Петреска, Давид Ристески и Андреј Маџоски под менторство на професорот по Ликовна уметност Александар Џинго.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content