Млеко за сончање на „Докторс“ повлеченo од трговската мрежa во Македонија

0

Согласно извештајот од извршената анализа од 29 јули 2021 година, во овој козметички производ има зголемен број на аеробни мезофилни бактерии, идентификувани како Pseudomonas aeruginosa и Candida spp. Според тоа ДСЗИ информира дека доставениот примерок од козметички производ – Докторс млеко за сончање СПФ 50 не одовара на Правилникот за критериумите за микробиолошка и хемиска чистота на козметичките производи и методите за проверка на тие критериуми.

На барање на увозникот на производот извршена е анализа на здравствената безбедност и на втор примерок од земената мостра и доставена за анализа во ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола.

И од овој извештај за микробиолошката анализа од 9 август 2021 година се констатира дека и вториот примерок не одговара на прописите поради наод на зголемен вкупен број на аеробни мезофилни микроорганизми и Pseudomonas aeruginosa.

Поради тоа, согласно Законот за безбедност на козметичките производи донесено е решение на 10 август 2021 година за забрана за пуштање во промет на небезбеден козметички производ – Докторс млеко за сончање СПФ 50 од 300мл – 3019 парчиња. И Докторс млеко за сончање СПФ 50 +200 мл – 1410 парчиња.

Увозникот, вкупната количина од 4510 парчиња ги вратил на производителот.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content