СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

ФИТР го објави најобемниот повик годинава

Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува 8 милиони евра финансиска поддршка се достапни за иновативни проекти на македонските компании од финансиска поддршка од 20 милиони денари по проект.

Парите се достапни за домашните претпријатија кои имаат проекти со јасна комерцијална цел и кои се во фаза на прототип, па сѐ до преткомерцијална фаза. За претпријатија чиј просечен број на вработени е до 50 вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 2 милиони евра, финансирање до 70% од вкупниот буџет на проект.За претпријатија чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2 милиони евра, а помал од 10 милиони евра, финансирање до 60% од вкупниот буџет на проектот.

Ова е деветти повик на ФИТР со што уште еднаш се потрвдува дека оваа институција е вистински дом за поддршка на креативни и иновативни проекти на млади луѓе и фирми, стартапи, мали и микро компании кои имаат план за раст и развој, потенцираа Битиќи и Петров.

Би сакал да ги повикам и охрабрам сите стопанственици, млади луѓе, кои имаат идеи за развојни проекти, да се пријават. Јавниот повик е одлична шанса да ја забрзаме динамиката на вашите идеи, да го унапредите производството, да ги зголемите асортиманот, продуктвноста и продажбата, а со тоа да придонесете за креирање уште подобро економско опкружување во земјава, истакна Битиќи.

Рокот за аплицирање е до 15.10 годинава.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content