СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Зачестија несреќите со електрични тротинети

Наши извори од Ургентниот центар на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ велат дека имало потреба и да оперираат луѓе како последица на овие несреќи, а доаѓале пациенти со повредени стапала, натколеници, целосно изместен колк и скршеници.

Опасни последици носи дивеењето и непрописното возење електрични тротинети по коловозите и по тротоарите. Скршени раце и нозе, набиеници, починато 26-годишно момче од Битола е досегашниот биланс на управување со ова превозно средство, чија употреба, иако во земјава е регулирана со закон, практично доживува многубројни прекршувања и почнува да прераснува во опасност за безбедноста во сообраќајот.

Спротивно на законот, се возат по двајца качени на еден електричен тротинет, по коловозни ленти каде што има автомобили, а и градската инфраструктура не дозволува насекаде да се овозможи безбедно возење. Пешаците се движат по истите патеки како и електричните тротинети, кои се бесшумни, а кочењето, со оглед на тоа што се вози со голема брзина, оди тешко. Директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, доктор Љубен Арсенков, вели дека имало повеќе случаи кога граѓани побарале помош на ургентното одделение по судир со електричен тротинет.

 

Електричен тротинет може да управува лица што навршило само 14 години. Законот за безбедност на сообраќајот е дециден дека возачот на електричен тротинет е должен да го управува само по велосипедска патека, а такви нема секаде, па возачите се решаваат да итаат по коловозните ленти, на булевари во ризични услови.

Возачот на електричниот тротинет е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста, односно не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречат во управувањето со возилото. Најголемиот проблем е законски регулиран, но не се почитува во практика.

Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управувањето со возилото и не смее да води животни. Но, сè почесто на улиците се забележуваат по две лица на ист тротинет и сликата изгледа крајно небезбедна. Иако законски возачот на електричен тротинет треба да носи кацига, речиси никој не носи заштитна опрема, што го прави превозот уште поризичен, а за рефлектирачки елек во ноќните часови, не станува ниту збор.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content