Од септември студентите ќе добиваат по 2.400 денари месечно за оброци

43

Измените предвидуваат Министерството за образование и наука да исплаќа средства на трансакциската сметка која студентот ја има пријавено во пријавата за стекнување на правото. Исплатата треба да се врши првиот работен ден во месецот во износ еднаков на бројот на субвенционирани оброци на кои студентот има право за тој месец.

Сепак, овие измени ќе важат само за студентската 2021-2022 година.

 

Исклучок од правото за субвенциониран студентски оброк ќе има во периодот од 1 јули до 14 септември во годината во која студентот се стекнал со правото на субвенционирање на студентски оброк, како и за време на државни, верски празници и неработни денови.

Законот за субвенциониран студентски оброк стапува на сила од 15-ти септември годинава и со него се опфатени 40.000 студенти.Ќе биде рализиран со 15 милиони евра.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content