СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Реформата стартува од 1 септември со нови наставни материјали и дигитални учебници

Реформата во основното образование почнува со новата учебна година во прво и четврто одделение, за што се прават сите потребни подготовки, најавуваат од Министерството за образование и наука (МОН).

Наставата за прво одделенците и за четврто одделенците, прецизираат, од 1 септември ќе тече по новата Концепција, со новите материјали за учење за што сме сигурни дека ќе дадат подобри резултати кај учениците.

Сите подготовки се одвиваат според планот и утврдената динамика. Наставните програмите се веќе донесени. Во постапка е набавката на 10 илјади таблети. Тече подготовката на материјалите за учење за прво одделение кои треба да се готови до крајот на јули, а првата половина на август првите дигитални учебници треба да бидат сосема готови и да се дистрибуираат до училиштата, соопшти МОН.

 

Дополнително, се вели во соопштението, се набавуваат кабинети за природни науки за 265 училишта. Овие кабинети се за погорните одделенија, но важно е училиштата да се подготвени за имплементацијата на реформскиот процес кој ќе се спроведува во следните 5-6 години.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content