СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

„Владата лаже дека спречила рудници, со Дестани од ДУИ во Иловица, Ковачевски мора да молчи“

Владата лаже дека спречила рудници, со Дестани од ДУИ во Иловица, Ковачевски мора да молчи. Ковачевски не направи ништо да спречи рудници, напротив не смееше ниту да излезе во јавност. Бектеши беше тој кој ја испрати пораката, од која е јасна намерата на власта, а тоа е дека со Дестани во Иловица или ќе има рудник или Македонија ќе изгуби арбитража. И во едниот и во другиот случај фирмата блиска до ДУИ ќе заработи стотина милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ако СДС и ДУИ беа против Иловица, немаше на владина седница да дозволат влез на компанија на Дестани во Еуромакс Ресурсис. Власта можела да не даде согласност Дестани да стане сопственик во Еуромакс Ресурсис.

По влезот на Дестани во Еуромакс Ресурсис хајката од страна на власта против рудниците запира.

Очигледна е намерата на СДС и ДУИ фирмата блиска до ДУИ да профитира на грбот на граѓаните, животната средина и државата, додаваат од партијата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content