СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

ОБВИНЕНИЕ ЗА КАЕВСКИ, МОЈСОСКИ, ДИМЕВСКИ и уште 9 други за спортските ваучери

Јавното обвинителство поднесе обвинение против 12 лица за злоупотреба на службена положба и несовесно работење, откако Антикорупциската комисија поднесе кривична пријава во врска со доделувањето на спортски ваучери на спортски клубови и федерации, што, според нивните наводи, се вршело нетранспарентно и неотчетно.

„Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела – злоупотреба на службена положба и несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост“, изјавија од ЈО.

Со оглед на тоа што се работи за обвинителен предлог, тој не оди на оценка во Кривичниот суд, туку директно кај судија и потоа се води по скратена постапка. Кога станува збор за мерките за претпазливост, пак, се постапува со повикување на странките.

Обвинителен предлог е поднесен против актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, неговиот претходник на функцијата Дарко Каевски, како и за првиот човек на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски и за уште 9 лица е поднесен во врска со доделувањето на таканаречените спортски ваучери. Мојсоски и Каевски се обвинети за злоупотреба на службена положба, а Димевски и останатите обвинети за несовесно работење.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content