СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Шлаканица од ЕУ за Маричиќ и владата, се бара истрага за кронизмот и насилството во МНАВ

Делегацијата на ЕУ со загриженост ги следи настаните поврзани со националниот провајдер на услуги за воздушна навигација (М-НАВ), порачуваат од делегацијата на ЕУ во земјава.

Иако во пораката не се спомнува директно вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ како човек што е одговорен за односите со унијата токму вицепремиерот е најодговорниот за спроведување на препораките од ЕУ.

Оттаму порачуваат дека клучна важност е назначувањата во компанијата за национална воздушна навигација и поврзаните услуги, како и во другите институции, да се базираат на заслуга, квалификации и искуство.

,,Потсетуваме на фактот дека Македонија се обврзала да го спроведува законодавството на ЕУ што се однесува на провајдерите на услуги за воздушна навигација (ANSPs). Ова вклучува одредби за обезбедување на независноста на ANSP од државата, обезбедува дека персоналот – особено контролорите на воздушниот сообраќај – ги исполнуваат законските барања за таквите позиции, и дека обезбедувањето на услугите ги почитуваат целите за безбедност, ефикасност во трошоците, капацитетот и околината”, велат од Мисијата на ЕУ во Македонија.

Оттаму со јасна порака до институциите.

Очекуваме од државните органи брзо да ги истражат наводите за неправилностите при назначувањата во оваа компанија. Исто така очекуваме од државните органи да ги истражат извештаите за несоодветен надзор и насилство кон персоналот кој работи во M-НАВ- стои во ставот на Дeлeгацијата на ЕУ.

По катастрофалниот годишен извештај ова е втора шлаканица за Маричиќ и владата од ЕУ за кратко време.

Маричиќ досега не се изјаснил за проблемите во МНАВ кои истовремено се и проблеми на европскиот авиопростор.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content