СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2024

Потребна ни е масовна излезност на осми мај за да го реализираме она што го ветувавме, порача Николоски од Прилеп

Пред нас е вториот круг на претседателските избори и најбитно парламентарните избори на кои што се бира нова Влада на Македонија, нов премиер и нова политичка комозиција и тоа е основата на нашата порака. Нас ни е потребна масовна излезност на изборите на осми мај, со цел она што го ветувавме да го реализираме, да воведеме функционална правна држава, да се исчисти криминалот и корупцијата, ДУИ да оди во опозиција и Македонија економски да се развива, изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски од Прилеп.

Тоа се целите кои ги имаме пред нас и сакаме да ги реализираме. Затоа што за да може да се менува државата потребно е двата клучни партнери во Собранието да одат во опозиција, не може да се менува во државата со старите партнери, не може да се менува државата со истите коруптивни навики, со истите кадри , потреба е промена, а за таа промена шансата ја бараме од сите вас, да има масовна референдумска излезност на осми мај. Планираме многу убави работи за Прилеп и за целиот прилепски регион. Ние сме познати по работа и тоа ќе го направиме. Во изматиот период зборувавме за напите политички противници, но на почетокот сакам да споделам неколку работи кои чувствувам дека не се доволно искомуницирани , а се добри Планираме доста сериозни инвестиции во  инфраструктурата. Општината секоја година ќе добива сериозни средства кои што конечно треба да ги затворат сите инфраструктурни прашања во општината . Убеден сум дека градоначалникот заедно со неговиот тим ќе знае да ги искористи најправилно овие средства со цел да нема дел од општина Прилеп што нема да е инфраструктурно решен. Покрај тоа планираме сериозни инфраструктурни зафати за подобро поврзување на градот и на целиот пелагониски регион, изјави Николоски од Прилеп.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content