ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, ДУИ и Таравари го штитат градоначалникот на Гостивар

Да не беше градоначалник од нивните редови веднаш ќе држеа прес-конференции и ќе бараа одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, бидејќи е градоначалник од нивните редови, кој патем самиот изјави дека не чувствува никаква грижа за тоа што здравјето на неколку илјади граѓани го стави во опасност, од опозицијата нема никаква осуда. Така на пример, СДС се занимава со спинување на информации и собирање дневно-политички поени и со ширење на неточни и непрецизни информации, и се обидува и од оваа криза да извлече нешто за себе. Коалицијата СДС, ДУИ и Таравари преку молк се обидува да си го заштити својот политички комодитет. Оттука, може да заклучиме дека на површина исплива нивната политичка беда и дека им пропадна фасадата дека се борат за правда. Институциите работат и ќе ги утврдат фактите, а секој што има одговорност за овој случај ќе мора да сноси соодветни последици согласно законите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content