„Разговаравме за реформската агенда и реформските процеси, при што ја потврдив целосната посветеност на Владата на нивното спроведување како клучен предуслов за забрзување на европската интеграција, поттикнување на развојот и економскиот раст и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните“ напиша Муцунски за средбата на Фејсбук.
Муцунски на средбата изразил задоволство од поддршката на ЕУ во спроведеувањето на реформите.
„Изразив задоволство од континуираната поддршка на Европската Унија во спроведувањето на реформите и зајакнувањето на стабилноста на земјата, како и подготвеноста за натамошно унапредување на нашето партнерство, засновано на заеднички вредности“, напиша македонскиот министер за надворешни работи за средбата со евроамбасадорот Рокас.
