Министерството за правда: Посветеност во спроведување на реформите во согласност со препораките на ЕК

Како што соопштуваат од Министерството за правда, министерот Шасивари ја истакнал посветеноста на Министерството за правда кон спроведувањето на реформите во согласност со препораките на Европската комисија, со посебен акцент на владеењето на правото и исполнувањето на обврските од реформската агенда и кластерот „Фундаментални вредности“.

„На средбата беше разговарано и за имплементацијата на развојната секторска стратегија за правосудство 2024 – 2028, како и за активностите што се реализираат со поддршка на Европската Унија преку ИПА-проектите за зајакнување на правосудниот систем и неговата дигитализација“, наведуваат од таму.

Дополнуваат дека била изразена и благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија во спроведувањето на реформите, која има значајна улога во зајакнувањето на институциите, унапредувањето на владеењето на правото и забрзувањето на европската интеграција на земјата.

„Во таа насока беше истакната и потребата од експертска помош од Европската Унија во реформите на кривичното законодавство“, велат од Министерството за правда.

На средбата, како што дополнуваат, била потврдена заедничката заложба за продолжување на партнерската соработка и интензивирање на реформските процеси во правосудството во насока на унапредување на неговата функционална независност во согласност со европските стандарди и реформските приоритети на државата.

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content