Осум ресори добиваат нови министри – денеска седница во Собранието

Собранието денеска со почеток во 11 часот ќе ја одржи седницата посветена на реконструкцијата на Владата, на која пратениците ќе одлучуваат за разрешување на досегашните и избор на нови министри во осум ресори.

Станува збор за првата реконструкција на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, со која се предлагаат кадровски промени во повеќе значајни министерства.

Според предложените решенија, Сашо Клековски е кандидат за министер за здравство, откако досега ја извршуваше функцијата директор на Фондот за здравствено осигурување. На неговото место во Фондот е предложен Златко Перински.

Иван Стоиљковиќ е предложен за министер за локална самоуправа, додека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците треба да го преземе Агон Ферати.

Во Министерството за правда, Јетон Шасивари е предложен да го наследи Игор Филков. За министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е предложен Борче Серафимовски, актуелен државен секретар во ресорот, кој треба да го замени Цветан Трипуновски.

Министерството за социјална политика, демографија и млади треба да го преземе досегашниот заменик-министер Ѓоко Велковски, наместо Фатмир Лимани.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content