Тешка сообраќајка на Плетвар

Тешка сообраќајка на Плетвар. Превртен камион со битолски регистарски ознаки. Едно лице го загубило животот, информираат од прилепската Брза помош. Несреќата се случила околу 18 часот. Сообраќајот е во прекин.

Сообраќајната несреќа е во непосредна близина на ресторан „Че“.

Наводно, шофер на камион-кипер кој превезувал песок од засега непознати причини се излизгал на патот и се превртел.

Поради трагичната несреќа, целосно е блокиран е сообраќајот на патот. Километарска колона возила чекаат на патот а возила има и по тунелите на Дреновска клисура.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content