Македонија постепено ќе го зголемува буџетот за одбрана, вели Мисајловски

Се зборува како Европа целосно да ја преземе иницјативата за военото трошење, односно буџетите во секоја држава. Најголем процент во овој момент имаат земјите околу истчното крило, но многу земји неможат да стигнат до 2%, истакна вечерва во емисијата „Со факти“ на МРТВ македонскиот министер за одбрана Владо Мисајловски .

-Како ќе биде реализацијата во секоја земја, зависи од односите во таа земја и политичките Влади. Не секоја Влада може да го издржи. Македонија има план, планот е да се зголемува со одреден процент секоја година, но се зависи од домашната економија. БДП-то знае да биде и 2% поголемо во зависнот од тоа колку е добра економијата. Ние треба да се стремиме минимално како во наредните 10 години да стигнеме до 3,5%, но моја најголема одговорност и желба е како дома да ги подобриме сите работи, потенцираше Мисајловски.

На прашањето на тоа дека прагот од 5% и отпорноста кај некои земји за тоа дали постои некоја друга одлука за промена на истиот, министерот Мисајловски децидно рече дека таа одлука е веќе донесена и дека со сигурност ќе продолжи и во иднина.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content