Пренџов: Нема одземање на стекнатите права, гарантирани се статусот, платите и правата на судските службеници

Нема одземање на стекнатите права, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов.

-Со предложениот и веќе усвоен амандман на член 166 од законот за судските службеници јасно и недвосмислено се гарантира дека вработените во судовите ќе ги задржат сите стекнати права, вклучително и правата поврзани со висината на платата, признаеното образование, категоријата во која се распоредени и статусот на судски службеници, истакна тој.

Порача дека нивна цел е силно, ефикасно и независно судство, но и почитување на достоинството на луѓето кои секојдневно го носат товарот на судската администрација.

-Го гарантираме статусот на судските службеници. Ги гарантираме стекнатите права. Ги гарантираме платите и работните места, истакна Пренџов.

Тој порача дека продолжува седницата и втората точка за предлог – законот за јавнообвинителска служба.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content