Во Собранието седници на комисиите за труд, финансирање и надворешна политика

Во Собранието денеска седници ќе одржат три комисии и тоа Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисија за финансирање и буџет и Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија.

Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе го разгледува Предлог на закон за изменување на Законот за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи, во прво читање.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри и
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, во прво читање.

Орхан Муртезани, поранешниот министер за европски прашања пред Комисијата за надворешна политика и надворешна тртговија во Собранието ќе ја претстави платформата за дипломатските активности на вонреден и ополномоштен амбасадор и шеф на Постојаната делегација на Република Северна Македонија при НАТО.

Членовите на Комисијата својата платформа за дипломатските активности на вонреден и ополномоштен амбасадор и постојан претставник на Република Северна Македонија при Советот на Европа во Стразбур ќе ја презентира Светлана Гелева.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content