Јавното обвинителство доби ново лого: Симбол на правда, законитост и европски вредности

Јавното обвинителство на Република Македонија денеска го промовираше новото лого, односно новиот симбол на институцијата, кој беше усвоен од Колегиумот на републичкото обвинителство.

Логотипот е конструиран врз прецизна геометриска структура со цел да се обезбеди визуелна рамнотежа, стабилност и препознатливост во сите формати и апликации.

Колорниот систем е составен од темно сина и златна боја.

Темно сината ја симболизира довербата, професионалноста и институционалната стабилност, додека златната боја упатува на достоинство, авторитет и вредностите врз кои се темели правдата.

Создавањето на новото лого не беше замислено како воведување само на нов графички симбол.
Целта беше во еден единствен визуелен знак да се претстави целата обвинителска организација, нејзината структура, поврзаност и заедничка мисија во заштитата на законитоста и јавниот интерес.

Во самиот центар се издига мечот, што симболично го претставува Јавното обвинителство на Република Северна Македонија како носечки столб на обвинителската организација и гарант на нејзиното единствено и координирано функционирање.

Поставен е исправено и насочен нагоре како будност, одлучност и постојана подготвеност за заштита на законитоста, јавниот интерес и владеењето на правото.

Од двете страни на мечот се наоѓаат тасовите на вагата која е универзален симбол на правдата, непристрасноста и еднаквата примена на законот. Таа ја претставува заедничката цел кон која е насочена работата на севкупната обвинителска организација.

Врвките што ги држат тасовите на вагата симболично ги претставуваат вишите јавни обвинителства и нивната улога како важна алка што ги поврзува различните нивоа на обвинителскиот систем и придонесува за неговата стабилност и функционалност.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content