Мицкоски: Добрососедските односи се двонасочна улица, нема да се поместиме без испорака од Софија

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова дека Македонија треба да бара решенија, а не проблеми, и дека Софија нема да отстапи од договореното во 2022 година, Мицкоски рече дека е загрижен од почетокот на работата на новата бугарска влада, но изрази надеж дека со текот на времето ќе преовладаат рационалноста и разумот.

Тој оцени дека Бугарија се соочува со повеќе внатрешни предизвици, меѓу кои економски проблеми, инфлација и прашања поврзани со буџетскиот дефицит, поради што, според него, се отвораат теми поврзани со македонското прашање.

Мицкоски повтори дека земјава постојано нуди решенија и посочи дека Софија не ги почитува сите претходно преземени обврски.

„На маса стојат најмалку 14 пресуди од Судот за човекови права во Стразбур кои не се почитуваат“, рече премиерот.

Тој нагласи дека Владата нема да прифати, како што рече, уцени и булинг во процесот на евроинтеграции и додаде дека европските вредности треба да важат подеднакво за сите.

„Сѐ додека сум јас премиер и додека не видиме испорака од нивна страна, ние нема да се поместиме ниту милиметар“, порача Мицкоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content