ВИДЕО од автопатот Кичево – Охрид: Владата интензивно работи во делот на инфраструктурата

Видео од автопатот Охрид Кичево на кој сообраќаат многу возила за овој продолжен викенд. Овој пат ќе го користат бројни туристи за викендот.

Видеото е добиено од странски турист, стои во објавата на Фејсбук страницата „Shilo Magazine Шило Магазин“.

Инаку, траба да се напомене дека после промената на власта во јуни 2024-тата година работите речиси во сите свери во општеството се променија, особено во делот на инфраструктурата, каде што по седум годишното владеење на СДСМ и нивните коалициони партнери речиси и беа на забот на заборав.

Моментално, владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски делоува во сите свери на општеството, може да се каже и да нема гранка каде што не се инвестира во делот на капиталните инвестиции.

Во делот на инфраструктурата, интензивно се работи на Коридорите 8 и 10Д, кои претходно речиси повеќе од година дена пред да дојди владата на ВМРО-ДПМНЕ и не беа допрени, се работи на железничката пруга која е дел од овој коридор и која треба да ги поврзе Скопје и Софија.

Она што е важно е, фактот што во последните две години Република Македонија се менува на сите полиња, како инфраструктурно, социјално така и во меѓународните односи каде што што достоинствено и без никакви забелешки ги претставува интересите на сите македонски граѓани.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content