Во Берово изутринава 8 степени, во Скопје 17

Минималната температура изутринава во Берово изнесува 8 степени Целзиусови, во Лазарополе 9, во Mаврови Анови и Попова Шапка, во Крива Паланка и Претор, 11, Битола, 12, Скопје-Петровец, Тетово и Охрид, 13, Прилеп, Штип, Демир Капија и Струмица, 14, Виница, Гевгелија, Kрушево, Куманово и Кавадарци,15, Велес, 16, Скопје-Зајчев Рид, 17.

Како што информира УХМР, времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Попладне ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со ветер (над 60 километри на час) и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 33 степена.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде до 30 степен.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content