Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја

Од црквата „Света Софија“ каде се одржува свечената академија насловена „Од слово до вечност“, премиерот рече дека денес, одбележувајќи го делото на светите браќа Кирил и Методиј, ние не зборуваме само за двајца просветители од деветиот век, туку за темелот на една цивилизациска идеја дека човекот е вистински слободен само тогаш кога има право да мисли, учи, создава и да говори на свој јазик.

„Во едно време кога знаењето било привилегија на малкумина, тие испратиле порака која и денес е современа и моќна – дека секој народ има право на образование, култура и на свој јазик. Токму затоа нивното дело е поголемо од историски настан. Тоа е победа на светлината над темнината, победа на знаењето над покорувањето. Народ што не ја познава својата писменост и култура, лесно станува туѓ во сопственната историја. Тоа не е само историска поука, ова е и современо предупредување, порача Мицкоски.

Тој рече дека во време на огромен технолошки напредок кога светот се движи со невидена брзина и кога вештачката интелигенција, дигиталните технологии и глобалните процеси отвораат нови хоризонти, но и носат опасност од површност и духовно осиромашување, повеќе од кога било ни е потребно образование кое нема да спознава само луѓе со дипломи, туку луѓе со вредности, карактер и критичка мисла.

„Вистинското образување не е акумулација на информација, тоа е способност на човекот да разликува вистина од манипулација, вредност од привид. Образованието е најмоќното оружје со кое можеме да го промените светот, а и најсилниот штит со кој еден народ ја брани својата иднина“, рече Мицкоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content