Детали за спасувачката акција: Извлечен и хоспитализиран повреден планинар (ФОТО)

На 23.05.2026 во Центарот за управување со кризи била примема пријава од А.М. дека на планината Кораб, во близина на Корабскиот водопад, општина Маврово-Ростуше, неговиот колега планинар А.С.(33) од Скопје доживеал несреќа, при што се здобил со скршеница на колкот и повреди на ногата.

Поради непристапниот терен на надморска височина од околу 1.900 метри формирана е спасувачка екипа од претставници на Националниот парк „Маврово“, Итната медицинска помош и полициски службеници од Полициското одделение Маврово кој во 15:50 часот се упатила кон теренот од село Жужње.

Во 23:10 часот, повредениот А.С. бил успешно спуштен во селото Жужње, од каде е пренесен во болницата во Гостивар за понатамошно лекување.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content