Д-р Виолета Бучковска: „ДЕНИЦА” пред 9 години постави стандарди во офталмологијата и нив ги надградуваме без компромис, секој ден

Постојат установи кои постојат и постојат установи кои оставаат трага. Специјалната очна болница „Деница” од Скопје, која овие денови одбележува девет години од основањето, недвосмислено припаѓа во втората категорија. Изградена врз принципите на врвна стручност, најсовремена европска апаратура и безрезервна посветеност кон пациентот, Деница денес е синоним за лидерство во офталмологијата во земјата и во регионот. На чело на оваа институција стои медицинскиот директор д-р Виолета Бучковска, офталмолог хирург со повеќе од три децении искуство, меѓународно верификувана експертиза и репутација на врвен професионалец кој успешно ги решава и најсложените случаи.

Разговараме со неа за деветгодишниот пат на Деница, за тоа што значи вистинска одговорност во медицината и за тоа зошто пациентите кои доаѓаат еднаш, се враќаат со доверба.

Д-р Бучковска, „Деница” овие денови одбележува девет години постоење. Кога ќе се вратите на почетокот, кое е она нешто кое знаевте дека нема да го жртвувате никогаш?

Квалитетот! Не постои ден во кој сме си дозволиле да кажеме „ова е доволно добро”. Секогаш барме повеќе: подобра апаратура, посовремена техника, поголема прецизност. Тоа е, всушност, и одговорот на прашањето зошто Деница е тука и по девет години, посилна отколку на почетокот.

Деница се позиционира како адреса за најсложените офталмолошки случаи. Што значи тоа во практика?

Тоа значи дека кај нас доаѓаат пациенти кај кои проблемот не е едноставен: напредна катаракта, комплицирана аблација на ретина, тешки форми на глауком, дијабетична ретинопатија… Случаи каде секое одлагање носи ризик. Ние располагаме со апаратурата, со тимот и со искуството за да одговориме на тие предизвици. И го правиме тоа секој ден! Зад нас стојат илјадници успешни операции и уште поголем број дијагностички прегледи. Тие бројки не се самоа статистика, туку најважно, тоа се луѓе кои денес јасно гледаат и ни веруваат.

Зошто пациентите треба да имаат апсолутна доверба во Деница?

Затоа што сме ја заслужиле! Не со маркетинг. Со резултати. И со макотрпна работа. Со деветгодишна конзистентност во квалитетот, со инвестиции во најдобрата апаратура, со тим кој редовно се усовршува на регионални и светски конгреси. Пациентот кој влегува кај нас добива ист третман како во најдобрите европски очни болници. Тоа е наш стандард од првиот ден кој само го унапредуваме!

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content