Инвестициите во одбраната, Украина и Западниот Балкан, во фокусот на разговорите на Муцунски во Хелсингборг

Министерот Муцунски нагласи дека во фокусот на разговорите ќе бидат инвестициите во одбраната, развојот на одбранбените индустрии и континуираната поддршка за Украина, посочувајќи дека „ќе дискутираме за многу посветената поддршка што ја обезбедивме како сојуз за Украина и какви се нашите планови понатаму“.

Муцунски додаде дека состојбите на Блискиот Исток, но и Западниот Балкан, неизбежно ќе бидат дел од дискусиите, при што посочи дека Западниот Балкан останува „област во Европа каде што постои сериозно злонамерно влијание од надворешни фактори и каде што сè уште постојат безбедносни ризици“.

Воедно, тој нагласи дека „НАТО е сојуз кој станува сè посилен благодарение на нашата посветеност на пет отсто трошење за одбрана“, оценувајќи дека состанокот ќе биде можност да се разговара и за предизвиците, но и за можностите пред Алијансата.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content