Манасиевски: Филипче и Заев поради власт би ја однеле државата во амбис

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, и поранешниот премиер Зоран Заев, обвинувајќи ги дека „поради власт и амнестија би ја однеле државата во амбис“.

„Македонија не смее да потклекне поради криминалното минато на Филипче и Заев, кои поради власт и амнестија би ја однеле државата во амбис“, изјави Манасиевски.

Тој обвини дека Филипче и Заев веќе еднаш направиле отстапки на штета на државата, алудирајќи на уставните измени и договорот со Грција.

„Филипче и Заев веќе еднаш го променија Уставот и го продадоа името за таканаречен влез во ЕУ, што секако не го добија“, рече Манасиевски, додавајќи дека постои опасност од „нова отстапка“, односно внесување на Бугарите во Уставот.

Според него, таквиот чекор би можел да отвори нови блокади и вета од страна на официјална Софија.

Манасиевски оцени и дека нискиот рејтинг на Филипче е причина за, како што рече, „слугување на други држави“.

„На Филипче му е јасно дека со ваков незначителен рејтинг, распадната партија и некомпетентност – единствен начин за тоа како би можел да дојде на власт е со слугување на други држави и нивните власти“, изјави тој.

Во обраќањето, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека Филипче „нема да биде власт во Македонија“, а најави и одговорност за, како што рече, „својот криминал“.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content